Не е извршена уплата во износ од 12 милиони евра за набавка на нови апарати за игри на среќа, велат од Државната лотарија

Не-е-извршена-уплата-во-износ-од-12-милиони-евра.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Државната лотарија ја информира пошироката јавност и играчите на игрите на среќа дека не е извршена уплата во износ од 12 милиони евра за набавка на нови апарати за игри на среќа, како што тврдат од политичката партија ВМРО ДПМНЕ преку нејзиниот портпарол Наум Стоилковски.

„Државна Лотарија има рамковен договор за оваа намена, но снабдувањето не е завршено, и истото би се реализирало согласно динамиката и потребите на пазарот.Оваа манипулација со неточна информација на партијата ВМРО ДПМНЕ ја побиваме како невистинита и ја карактеризираме како дезинформација за јавноста и истата има цел да наштети на имиџот на Државна лотарија и управата на институцијата. Државната лотарија – после серија напади докажа пред надлежните институции и јавноста дека сите набавки се прават согласно законските прописи кои се во сила“, велат од државна лотарија.

Државна лотарија како што посочува, ќе продолжи и во иднина да работи врз основа на важечките закони, а нема да дозволи дезинформаторите да го нарушат авторитетот на ниту еден од вработените во Државната лотарија на Северна Македонија.

Државна лотарија водена од Перпарим Бајрами, поранешен шеф на кабинет на Артан Груби, набавила апарати за коцкање во висина од 12 милиони евра, рекоа претходно од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK