Од утрво има прекин на мрежата на „Телеком“ кој е предизвикан од оштетени кабли поради градежни активности. Од компанијат велат дека нивните тимови работат интензивно за решавање на проблемот.
„Почитувани корисници, прекинот на услугите предизвикан од оштетени главни магистрални оптички кабли на Телеком, настана поради градежни активности на трети страни. Санирањето на вакви големи штети подразбира повеќечасовна работа на терен. Нашите тимови интензивно работат и очекуваме за краток временски период сите услуги да станат целосно достапни. Како компанија која се грижи за задоволството на своите корисници, се извинуваме за сите непријатности и на сите наши приватни и деловни корисници им доделуваме 10 GB мобилен интернет до крајот на месец август, 2023 година“.
Од утрово мобилните линии и интернетот на „Телеком“ се во привремен прекин. Граѓаните се жалат дека не може да воспостават сигнал, не им стигнуваат ниту СМС-пораки.