Наместо аматерски скечеви пратениците на ДПМНЕ да ги вратат дипломатските пасоши, велат од СДСМ

sdsm-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Додека ДПМНЕ сее лаги и ги манипулира граѓаните, нивните пратеници со дипломатски пасош со новото уставно име им се посмеваат на граѓаните, велат од СДСМ.


„Токму оние што прават шоу по границите, како пратеникот Миле Лефков од ДПМНЕ имаат дипломатски пасош со новото уставно име, изваден пред нешто повеќе од еден месец. Антонијо Милошоски исто така има дипломатски пасош со новото уставно име, Северна Македонија и многу други пратеници од ДПМНЕ“, додаваат од СДСМ.

Како што истакнуваат, наместо да се потсмеваат со граѓаните преку аматерски и неумешни скечеви на границите, пратениците на ДПМНЕ да ги вратат дипломатските пасоши и да го повикаат нивниот министер да си ја работи работата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK