Наградени најдобрите студентски идеи на Хакатонот за зелено инженерство

hakaton
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Зеленото инженерство и циркуларната економија се во фокусот на годинешниот Хакатон што денес се одржа на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во рамки на Конференцијата за зелено инженерство, одржливи материјали и технологии за циркуларна економија. Претставници на домашните компании ги слушнаа студентските иновативни идеи за ревалоризација на био и индустриските отпадни материјали, а потоа ги избраа и најдобрите студентски идеи. 







Од вкупно 10 учесници кои вчера ги презентираа своите идеи, победник на Хакатонот е Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, второто место го освои тимот на Маринела Мечкароска и Ана Нестороска за „Валоризација на оризова лушпа преку добивање силика и биомасло“, додека третиот победнички тим се Тамара Јовевска и Јована Јовевска за темата „Биоматеријали“. 

Трите најдобри тимови добија по 500 евра награден фонд за иновативната идеја, додека останатите учесници добија по 100 евра.

Деканот на ТМФ, Стефан Кувенџиев искажа задоволство дека Конференцијата помага не само за промоција и зајакнување на соработката меѓу научните институции и бизнис секторот, туку да ги доближи и поврзе младите идни инженери со домашните компании. 

„Компаниите во своето работење веќе ги применуваат стандардите за зелено инженерство, одржливи материјали и технологии за циркуларна економија, а и во рамки на домашните законски акти и правилници стремежот е да се води економијата и индустријата кон 0 (нула) емисии, односно рециклирање. Тоа е тренд и наша цел е да создадеме високо способен и профилиран кадар кој веднаш може да ги спроведат мерките согласно начелата за зелено инженерство. Значи идните инеженери преку Хакатонот доаѓаат во директен контакт со и нудат сериозни размислувања и решенија за исполнување на бараните стандарди“, вели деканот на Технолошко-металуршкиот факултет Стефан Кувенџиев.

Ова поврзување помага да се изградат квалитетни инженерски профили кои ќе ги пополнат  „зелени” работни места како поддршка на одржливиот економски раст во земјава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK