Национален форум „Здравствена правичност, кохезија и отпорност во Македонија“

nastan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Третиот национален форум за здравство „Здравствена правичност, кохезија и отпорност во Северна Македонија: кон трансформација на здравствениот систем“, ќе се одржи денеска во Скопје, со учество на министерот за здравство Фатмир Меџити и Ане Јохансен, специјална претставничка на Светската здравствена организација (СЗО) и шефица на Канцеларијата во Скопје.

Од Канцеларијата на СЗО посочуваат дека на третиот Национален форум за здравство ќе стане збор за начините на подобрување на здравствениот систем, а особено за пристапот до здравствени услуги за сите граѓани на нашата држава.


– Пристапот до здравствени услуги и натаму е значаен предизвик за многу граѓани на Северна Македонија. Во периодот од 13 до 15 март 2023 година, Министерството за здравство, СЗО и Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во Република Северна Македонија ги свикаа засегнатите страни од здравствениот и другите сектори за да разговараат за првичните наоди на „Процената на бариерите за здравствените услуги“ што започна во јуни 2022 година и следствено, да се утврдат стратегии за подобар пристап на луѓето до здравствените услуги, без оглед на условите во кои се родени, растат, живеат, работат и стареат, како и без оглед на висината на нивните приходи, информираат организаторите на настанот.

Врз основа на наодите од студијата, Министерството за здравство, со поддршка од СЗО преку иницијативата „Градење државни капацитети: јакнење на доброто владеење и управувачките функции на Министерството за здравство“ започна со изработка на документ за стратешки насоки за справување со клучните предизвици на здравствениот систем кои во моментов придонесуваат кон слаби здравствени исходи, несоодветна финансиска заштита и незадоволство од здравствениот систем и кај јавноста и кај вработените во здравството.

– Посебна национална работна група од експерти од Министерството за здравство во соработка со СЗО работеа на дефинирање на визијата за зајакнување на здравствениот систем и подобрување на пристапот до здравствените услуги. На третиот национален форум за здравство ќе се споделиме информации кои ни помагаат да постигнеме консензуален договор за визијата за зајакнување на здравствениот систем и подобрување на пристапот до здравствени услуги, велат од Канцеларијата на СЗО.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK