МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што ги понудивме

476470-zemjodelcite-kje-dobijat-224.571.508-denari-subvencii.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Над 80 земјоделци од Свети Николе, денеска по завршувањето на средбата со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчи Николовски потпишаа заедничка петиција до собраниската комисија за земјоделство, за итно носење на законот за изменување и дополнување на законот за земјоделско земјиште, информираат од ресорното министерство.


Заедно со земјоделците, како што додаваат во дописот, праќаме јасна порака, веднаш да се донесе овој Закон, кој го кочи опозицијата.

Станува збор за законска измена преку која се предвидува можност, земјоделците што имаат истечен договор, во периодот на изборниот процес, да не бидат избришани од ЕРЗС системот.

Според МЗШВ, вака предложените законски измени се доставени до Собранието и се чека на нивно усвојување од пратениците. Предложените измени, како што појаснуваат, кои се во интерес на земјоделците, од неразбирливи причини се блокирани од страна на претседателот на собраниската комисија за земјоделство, не ставајќи ги овие важни измени во законот на дневен ред за разгледување на матичната комисија.

„Денес во Свети Николе во вода паднаа сите лаги, а исплива вистината. Во следните два ипол месеци договорите на земјоделците ќе бидат продолжени. Збор кој денес пред земјоделците го даде министерот Николовски и истакна дека во оваа насока секторите на министерството деновиве посветно работат со целиот капацитет. Само сложно со вистината можеме да постигнеме резултати. Да успееме заедно овие вредни земјоделци, што посветено работат и произведуваат храна, да ги задржат земјоделските земјишта и да си ги добијат заслужените субвенции“, се потенцира во информацијата од министерството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK