На зимско туристичките центри Маврово и Попова Шапка, посебно за викендите, зголемен е бројот на гостите и посетителите, а кои најчесто пристигнуваат со нивни возила.
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш апелира до сопствениците на возилата задолжително да ги заклучуваат и на седиштата да не оставаат вредни предмети, чанти, паричници, мобилни телефони, лаптоп компјутери, очила за сонце и друго. Зашто, ваквите предмети се мета за крадци кои со оштетување на стаклата стигнуваат до целта.
На возачите им се советува, исто така, задолжително да поседуваат зимска опрема, што претставува и нивна законска обврска до 15-ти март годинава. Покрај тоа, им се укажува и на потребата да не ги оставаат возилата каде ќе стигнат и на тој начин да го попречуваат нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, туку исклучиво на наменски определените локации во овие два центри. Секторот за внатрешни работи Тетово и со апел сопствениците на возилата да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници кои секојдневно го регулираат сообраќајот на овие дестинации, со цел да се избегнат, односно превенираат можни поголеми мешаници со несакани последици.