МВР распиша меѓународна потерница по Шеваљ Муареми

muaremi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерството за внатрешни работи, распиша меѓународна потерница по Шеваљ Муареми – водачот на криминална група „Дуќанџик“ од Грчец.

„МУАРЕМИ ШЕВАЉ татко Азби мајка Азбије род.18.11.1977 год. во Скопје, живее на ул„.5“ бр.1 с.Грчец општина Сарај. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 год .Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.123 ст.2, чл.394 ст.3 и чл.215 ст.3 од КЗ на РСМ“, пишува на сајтот на МВР.

Пред да настапи техничката влада во јануари, тогашниот министер на МВР, Оливер Спасовски, на последната прес-конференција од неговиот мандат објави дека полицијата извршила голема полициска акција на повеќе локации, пришто уапсиле шет лица во Македoнија, и уште едно во Шпанија поради дрога и убиства, поврзани со криминалната група на Муареми.

„Пријавениот Ш.М.заедно со уште две лица О.Б. и Ј.К. формирале група за вршење на убиства. Организаторите создавале планови и носеле одлуки, а ги спроведувале лично или преку припадници“, рече тогаш Спасовски. Како што објави, групата стоела и зад организацијата и обидот за убиство на лице од селото Бардовци, албански државјанин чиешто тело било најдено на 15 мај 2020 година Матка во Скопје, како и двојното убиство на 5 март 2021 кога во Скопје беа убиени А.Б. и Б.В.

Спасовски на истата прес-конференција изнесе и податок дека лица од институции, судови и обвинителства оддавале информации на криминалците, додавајќи дека јавноста би се зачудила кога ќе дознае кој се’ соработувал со нив.

Водачот Шеваљ Муареми остана недостапен за органите на прогонот, а според непотврдени информации престојувал во Шпанија, по што заминал за Дубаи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK