МВР очекува подетални информации за убиството на македонски државјанин во Приштина

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи очекува подетални информации преку Министерството за надворешни работи во врска со убиството на македонскиот државјанин вчера во Приштина.

Одговарајќи на новинарски прашања по средбата со раководството на СВР Охрид и Одделението за внатрешни работи – Струга, во рамките на проектот „Отворен Кабинет”, Спасовски рече дека кога ќе ги добијат информациите полицијата ќе утврди за што точно станува збор.


Me ndryshimet e Ligjit për evidencën amë zgjidhet problemi i rreth 700 personave pa identitet dhe dokumente personale, theksoi sot në Strugë ministri i Punëve të Jashtme, Oliver Spasovski pas

Претходно на прес-конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог и министерот за надворешни работи Бујар Османи кусо одговори дека институциите на Северна Македонија се во контакт со косовските и оти се очекуваат повеќе информации од надлежните за случајот.

Македонски државјанин е убиен синоќа во Приштина, во престрелка што наликува на пресметка на криминални банди, јави претходно денеска дописникот на МИА од Приштина.

Според денешното соопштение на косовската полиција, убиениот бил пронајден во возило со македонски регистерски таблички, а на околу еден километар од местото на инцидентот е пронајдено запалено возило со германски таблички, кое се пртетпоставува дека е користено за убиството.

– Засега непознати сторители пукале со огнено оружје врз жртвата, маж, државјанин на Република Северна Македонија. Надлежни полициски единици излегоа на местото на настанот, каде што забележаа дека во возило со македонски регистерски таблички се наоѓа едно лице, а надлежен лекар констатира дека лицето нема знаци на живот. Околу еден километар од местото на настанот е пронајдено запалено возило со германски таблички, за кое постои сомневање дека осомничените побегнале од местото на настанот, се вели во соопштението.

Портпаролката на косовската полиција, Флора Ахмети синоќа изјави за медиумите дека во запаленото возило се пронајдени и две автоматски пушки „калашников“, со кои се претпоставува дека е извршено убиството на македонскиот државјанин.

Државјанинот на Република Северна Македонија, кој синоќа бил убиен во Приштина од неколку косовски медуми е идентификуван како Блерим Даци. Според порталот „Инсајдери“, кој објави и фотографија на жртвата, Даци им бил од порано познат на органите на правдата и полицијата поради неговата вмешаност во трговијата со дрога.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK