Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата добиja трипати повеќе мандати од СДСМ и ДУИ заедно

mucunski-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера победи Македонија, победи народот, победија и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци и Власи, победија граѓаните.  Со над 280 илјади гласови разлика беше декласирана власта на СДСМ, затоа што на народот му беше доста од криминалот корупцијата, понижувањата, поделбите, притисоците, поразите и уцените, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.


Тој истакна дека вчера беше поразен и бојкотот на ДУИ, но беше упатен и јасен сигнал дека во Македонија мора да има одговорност за пљачкањето и осиромашувањето на граѓаните кое се случува изминатите години.

„ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата доби трипати повеќе мандати од СДСМ, или ако сакате повеќе од ДУИ и СДСМ заедно на овие избори, со што народот јасно покажа дека овие две партии треба да завршат во опозиција. ВМРО-ДПМНЕ, согласно последните неофицијални податоци од ДИК освои 58 наспроти 18 мандати на СДСМ и 19 мандати на ДУИ. Јасна е волјата на граѓаните, покрај СДСМ, во опозиција треба да оди и ДУИ, да поминат низ една катарза, да има одговорност и да се реформираат, потоа да излезат пред судот на граѓаните“, рече Муцунски.

Во врска со претседателските избори, истакна дека разликата помеѓу победничката Гордана Силјановска Давкова и актуелниот претседател Пендаровски со околу 310 илјади гласови.

Со последните прсметки, ВМРО-ДПМНЕ на изборите освои 58 пратенички мандати, ДУИ-19, СДСМ-18, ВЛЕН-13, и Левица и ЗНАМ по шест.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK