Муцунски: Тошковски, Петрова, Велковски, Трипуновски и Андоновски се кандидатите за министри и дополнителни заменици министри

Муцунски-Тошковски-Петрова-Велковски-Трипуновски-и-Андоновски-се-кандидатите-за.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница на Извршниот комитет ги утврди кандидатите за министри и дополнителни заменици министри.


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски информираше за одлуките кои биле донесени на седницата на Извршниот комитет на партијата, а се однесуваат на предлозите за министри и заменици министри за техничката владата.

На чело на Министерството за внатрешни работи е предложен Панче Тошковски, актуелен претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен адвокат. За нов дополнителен заменик министер за финансии е предложена Елена Петрова, висок професионалец во областа на финансиите. Ѓоко Велковски е нов предлог за кандидат за министер за труд и социјална политика. За нов дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација е предложен Стефан Андоновски, досегашен меѓународен секретар на партијата и советник во Советот на Град Скопје. Цветан Трипуновски за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK