Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Северна Македонија. Овие средства ги добија сите земји кандидати во регионот како дел од Планот за раст за Западен Балкан, освен Србија. Зошто Србија не ги доби? Затоа што сестринската партија на ВМРО – СНС на Вучиќ – со години ги блокира реформите. Не ја спроведоа реформата на правосудството, туку воведоа закони во целосна спротивност со препораките на ЕУ, велат од СДСМ.
Според оваа партија, исто така постапува и Мицкоски, не ги измени законите за правосудство согласно европските препораки, а судовите и обвинителството се целосно партизирани.
„Вучиќ влезе во отворена конфронтација со Европската Унија, точно како што Тимчо Муцунски, Христијан Мицкоски и нивната криминална организација ВМРО го прават со соседите.
Тимчо Муцунски, човекот за кого неодамна НАТО стана „феноменална работа“, сега се фали со овие пари како доказ за „реформи“.
Уште 11 дена до 1. јуни – рокот што самиот Мицкоски го постави за исполнување на сите 10 точки од Реформската агенда“.
Од СДСМ со потсетување, дека внесувањето на малцинствата во Уставот е основната и клучна работа за продолжување на ЕУ интеграциите.
Според нив, без малцинства во Уставот нема поместување од мртва точка.
„Колку пари губи Македонија со тоа што нема уставни измени за внесување на малцинствата и не го правиме следниот чекор кон ЕУ?
Очекуваме на 1. јуни Мицкоски и Муцунски да излезат пред граѓаните и да презентираат целосно исполнување на сите 10 точки.
Потсетуваме: Вучиќ, точно како Тимчо и Мицкоски, години наназад во домашната јавност зборуваше за „неверојатни успеси“ на владата во реформите.
На крајот резултатот е познат – блокада и изолација. Лагите и фалбите повеќе не поминуваат.
Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега“.