Муцунски пред дипломатската академија во Унгарија: истакнати отстапките кои македонското општество ги има направено на патот кон ЕУ

tm2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамките на работната посета на Будимпешта, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати пред студентите и дипломатите од Унгарската дипломатска академија. Во своето обраќање Муцунски се осврна на долготрајниот и посветен процес за пристапување на нашата држава кон ЕУ. Тој посебно ја истакна непрекинатата повеќедецениска посветеност кон процесот, но и бројните и големи отстапки кои македонското општество ги има направено на тој пат.



Свесни за областите во кои постои потреба од дополнителна работа и подобрување на состојбите, Муцунски потенцираше дека и на нашата страна и е крајно потребна предвидливост во процесот.

„Нашиот пристапен пат во суштина ја штити политиката на проширување на ЕУ, заснована на вредности и заслуги, со оглед дека ризикот од злоупотреба на нашиот случај од страна на анти-ЕУ факторите е голем“, нагласи тој на темата поврзана со евроинтеграциите на земјата.

Муцунски ја подвлече и суштинската важност на добрите билатерални односи помеѓу двете земји, кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи и се заблагодари за досегашната поддршка на политички, економски и мултилатерален план.

„Иако односите се континуирано пријателски, во следниот период очекувам нова динамика како резултат на заложбата на двата премиери за воспоставување стратешка релација помеѓу двете земји“, истакна тој во обраќањето.

Муцунски им посака успех во кариерите на присутните дипломати, со оглед на тежината на професијата која ја имаат.

По обраќањето следеше сесија на прашања и одговори во чии рамки се говореше на теми како нелегалната миграција и безбедноста на границите, регионалната енергетска безбедност, очекувањата за идните чекори и ризици во придвижувањето кон ЕУ, како и размена на мислења за актуелните состојби во Унијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK