Министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговори на прашањето дали се сретнал со експремиерот, Никола Груевски во Будимпешта.
„Еднаш рекоа дека се сретнал со Али Ахмети, па рекоа – не, се сретнал со Артан Груби, сега јас сум се сретнал со него! Можеби од четврти пат ќе погодат!“, напиша Османи на социјалните мрежи.
Претхоно Изет Меџити кој порано беше со „огнените“ од ДУИ, а сега е лидер на новата партија, Демократско движење, јавно го праша Османи дали бил на службена или приватна посета во Будимпешта кога се сретнал со Никола Груевски.
Меџити минатата недела праша и дали е вистина дека на Груевски ќе му биде вратен пасошот.