МОН: Не сме иницирале покачување на партиципацијата за студирање, износот останува ист, студентите да бидат спокојни

МОН-Не-сме-иницирале-покачување-на-партиципацијата-за-студирање-износот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за образование и наука реагира на натписите во кои се посочува дека на иницијатива на министерството и Владата, двојно ќе се зголемува партиципацијата за студирање на државните високообразовни установи на сите три циклуси на студии.


Се работи, како што велат за невистинита информација.

„Апелираме студентите да бидат спокојни, бидејќи и натаму ќе ги плаќаат истите износи за државната и за квотата со кофинансирање кои важат во моментов.

Во комуникација со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, добивме информација дека ректоратот побарал мислење од факултетите и единиците во состав, за тоа дали износите кои во моментов се плаќаат се оправдани или можеби треба да претрпат одредени корекции. Но, тоа е интерно инициран процес“, се вели во официјалното соопштение на МОН.

Министерството за образование и наука, како што е прецизирано во соопштението, го почитува принципот на инклузивност при креирањето на политиките и носењето на одлуките, така што ги уверуваме студентите дека ниту една одлука која го засега нивниот образовен процес нема да биде донесена без да бидат вклучени организациите кои ги застапуваат идните академски граѓани. Износите на партиципација остануваат идентични како и досега.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK