МОН: Документи за продолжување на ученичките стипендии се поднесуваат електронски и заклучно со 30 септември

МОН-Документи-за-продолжување-на-ученичките-стипендии-се-поднесуваат-електронски.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сите корисници на ученичка стипендија кои правото го оствариле во некоја од изминатите учебни години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, заклучно со 30 септември потребно е преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да достават потврда за редовен ученик во учебната 2023-2024 година и свидетелство од претходната учебна година.


Учениците кои нема да постапат согласно оваа насока, која воедно е наведена и во договорот што корисниците на стипендија го имаат потпишано со МОН, се смета дека се откажуваат од правото.

За било каква информација или прашање, учениците можат да се обратат на електронската адреса [email protected]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK