„Моето предвидување се исполни“ – министерот Меџити се кладел дека првото бебе родено годинава ќе биде машко

„Моето-предвидување-се-исполни-–-министерот-Меџити-се-кладел-дека.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерот за здравство, Фатмир Меџити и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје го посетија Алек –  првото родено бебе за оваа година.

Двајцата му посакаа здравје и среќно детство, и упатија честитки до родителите на бебето.

Министерот Меџити рече дека се исполнило неговото предвидување дека бебето ќе биде машко.

„При крајот на работниот ден во петокот, во кабинетот во опуштена атмосфера се кладев дека првороденото бебе ќе биде машко и се исполни“, рече министерот.

Министерката Тренчевска кажа дека првоеоденото бебе се вика Алек, и се работи за прва рожба на неговата мајка.

Директорката на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска, рече дека во првите 15 минути од оваа година биле родени три бебиња, а според неа, тоа е добар знак дека годината ќе биде подобра од претходната.

Доктор Горан Димитров кој го избрши породувањето на 34 годишната Наташа Стефковка од Скопје информираше дека Алек се родил десет секунди по полноќ. Тој им порача на сите жени кои сакаат да станат мајки да го следат примерот на породената која долго чекала на овој пород, но желбата и се остварила. Досега по полноќ се родени шест бебиња на Гинекологија, од кои повеќето се машки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK