Мисајловски-Варнс: Имаме најголемата финансиска поддршка за опрема на Армијата од САД во сите овие години, сума која надминува 300 милиони долари

DSC_3646_resize.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во Министерството за одбрана министерот Владо Мисајловски оствари средба со в.д. амбасадорка на САД, г-ѓа Никол Варнс, на која и посака добредојде во земјава и успех во работата за време на нејзиниот мандат.


Министерот Мисајловски се заблагодари на најголемата финансиска поддршка за опрема и модернизација на Армијата од страна на САД во сите овие години, сума која надминува 300 милиони долари.

За време на средбата беше истакната исклучително блиската – стратешка одбранбена соработка меѓу двете земји, со посебен акцент на соработката со Националната гарда на Вермонт. Дополнително се разговараше за развојот на Армискиот полигон Криволак, во насока да стане еден од најдобрите полигони за обука за воениот персонал во Европа и за претстојните вежбовни активности на истиот во 2025 година, меѓу кои и Immediate Response дел од вежбата Defender Europe, на која свое учество ќе има лесната пешадиска баталјонска група.

На денешната средба присуствуваа и в.д. заменик шеф на мисијата на САД, Дејвид Мајерс, одбранбеното аташе, полковникот Даниел Сквајерс и шефот на канцеларијата за соработка во одбраната, потполковник Шон Руфало.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK