Мисајловски – Агелер: Нашето стратешко партнерство ќе продолжи со засилен интензитет

Sredba-Misajlovski-Ageler-2.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Благодарност за досегашната континуирана поддршка од нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави за развој на нашата земја особено за развој на одбранбените капацитети, изрази министерот Мисајловски на денешната средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер, новото одбранбено аташе полковник Даниел Сквајерс и потполковник Шон Руфоло, шефот на Канцеларијата за одбранбена соработка, која се реализираше во Министерството за одбрана.

„Заедно со нашиот стратешки партнер ја зацврстуваме националната, регионалната безбедност и колективната одбрана во Алијансата. Мирен и стабилен регион е од особена важност за прогрес на сите земји од Западен Балкан, а македонската Армија како докажан сојузник ќе продолжи активно да придонесува во операциите за поддршка на мирот“, потенцира министерот Мисајловски.

Тој посочи дека САД во изминатите 30 години активно придонесуваат за стабилен регион, а благодарение на програмите за обука, тренинг и стручно усовршување, како и поддршката за модернизација и опремување на Армијата, денес припадниците на Армијата даваат значаен придонес во рамки на командните структури на Алијансата и во мировните мисии предводени од НАТО, ЕУ и ООН.

Од двете страни беше искажано уверување дека одличната одбранбена соработка помеѓу двете земји ќе продолжи со засилен интензитет.

На состанокот меѓу другото се разговараше и за актуелната безбедносна состојба во регионот и на Европскиот континент во насока на зачувување на безбедноста, стабилноста и мирот на граѓаните, како и за претстојниот Самит на НАТО кој ќе се одржи наредниот месец во Вашингтон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK