Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски

pravda.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски кое преку МНР ќе биде доставено по дипломатски пат до турските власти.

„Oригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е пратен и до ИНТЕРПОЛ. Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција, навремено процесуирање и постапување од нивна страна во најкус можен рок“, велат од Министерството за правда.

Барањето за екстрадиција, министерот Кренар Лога го потпиша вчера со што отпочна процедурата за екстрадиција на Љупчо Палевски. Во текот на денешниот ден експресно беа преведени сите потребни списи и документи на турски јазик, по што барањето за екстрадиција се испрати на турските власти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK