Министерството за правда ги основаше првите професионални одделенија на Комората за вештаци

Подготвени-предлог-измените-на-Изборниот-законик.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за правда ги основаше првите професионални одделенија на Комората за вештаци со што, како што соопштуваат, „после долги години ќе се решат проблемите кои беа настанати заради нефункционланоста на Комората“.


„Со донесување на новиот Закон за вештачење, обврска на Министерството за правда е да ги избере раководителите и замениците раководители на професионалните одделенија и по еден член од секое одделение како претставник во Основачкото Собрание на Комората. За таа цел , министерот за правда Кренар Лога основаше 18 професионални одделенија кои ќе треба да го подобрат квалитетот на вештачењето, заштитата и унапредување на стручноста,следење на односот на вештаците кон општеството и граѓаните“, велат од Министерството за правда.

„Согласно законот за вештачење, основани се професионални одделенија за вештачење од областа на архитектурата, криминалистика и криминологија, геодезија, градежништво, електротехника, земјоделство, информатички технологии, материјално, сметководствено и финасиско работење, машинство, психијатирија, шумарство, општа хирургија, ортопедија и трауматологија, сообраќај, судска медицина, интелектуална сопственост, безбедност и здравје при работа и професионално одделение од областа на други области“, се додава во соопштението на Министерството за правда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK