Министерот Тошковски во работна посета на СВР Куманово, ОВР Кратово и ОВР Крива Паланка

toskovski-1-800x533.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работни средби со раководствата на Секторот за внатрешни работи Куманово, Одделението за внатрешни работи Кратово и Одделението за внатрешни работи Крива Паланка.

На состаноците со раководствата на овие организациски единици беше потенцирано дека безбедносната состојба на целосно подрачје е стабилна, а се разговараше и за тековните активности, движењето на криминалитетот, одржувањето на јавниот ред и мир и предизвиците со кои се соочени од аспект на недостаток на материјално-технички средства и недоволна пополнетост со човечки ресурси.

„Генерален заклучок е дека што поскоро треба да се направи набавка на возила и друг вид на опрема неопходна за ефикасно постапување на полицијата и да се направат сериозни реформи во делот на систематизацијата на работните места во министерството и полициските службеници да бидат соодветно вреднувани согласно тежината на работните задачи кои ги извршуваат“, подвлече министерот Тошковски на состаноците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK