Министерот Таравари именуваше нови в.д. медицински директори

ВМРО-ДПМНЕ-Зошто-Манолева-втор-месец-молчи-за-непотпишувањето-на-согласности.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за здравство информираше дека во изминатиот период биле поставени нови директори во неколку здравствени установи.


„Информираме дека министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во изминатите неколку дена именуваше нови в.д. медицински директори во следните јавни здравствени установи:  На Универзитетска клиника за дигестивна хирургија за директор е именуван проф. д-р Огнен Костовски. На Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија за директор е именуван прим. д-р Оливер Зафировски. На Универзитетска клиника за детски болести за директор е именуван д-р Реџеп Мемеди . Во Градска општа болница „8 Септември“ за директор е именуван проф. д-р Синиша Стојаноски“, велат од министерство за здравство.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK