Мицкоски за состојбата во образованието: Генерации млади луѓе се осакатени, криминалната влада на ДУИ и СДСМ сака да се богати преку злоупотреба на тендери

Мицкоски-за-состојбата-во-образованието-Генерации-млади-луѓе-се-осакатени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како човек којшто е дел од образовниот процес можам да констатирам дека генерации млади луѓе се осакатени поради тоа што оваа криминална влада на ДУИ и СДСМ сака преку злоупотреба на тендери и наместени тендери да се богати. Тоа е причината зошто доцнат учебниците, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.


Додаде дека во оваа ситуација се поставува прашањето што правеше цела една година Министерството за образование и наука, за да на 1-ви септември им текне дека учебниците не се испечатени.

„Можам да констатирам дека само криминал и неспособност е во позадина на она што веќе неколку години по ред ни се случува откако е владата на ДУИ и СДСМ“, заклучи Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK