Мицкоски во посета на Србија: Македонците кои живеат овде се чесни и домаќини луѓе

Мицкоски-во-посета-на-Србија-Македонците-кои-живеат-овде-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска е во посета на општина Лесковац во Република Србија на средба со македонската заедница која живее таму.

Мицкоски на средбата посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се грижи за македонското национално единство и води грижа за сите Македонци без разлика каде и да живеат.

Овој ден е многу значаен бидејќи ние како политичка партија ВМРО-ДПМНЕ сме партија која се грижи за македонското национално единство. Така и се вика нашата партија. Така што ние како партија водиме грижа за сите Македонци секаде во светот. Тоа се фини луѓе и домаќини кои ги почитуваат државите во кои живеат, а нивната држава Македонија и ВМРО-ДПМНЕ како партија, секогаш се грижела, се грижи и ќе се грижи во иднина, посочи тој.

Мицкоски додаде дека чест му е што овие деца можат да учат на македонски јазик и потенцираше дека на тој начин нема да го заборават нивниот мајчин јазик и корењата од каде потекнуваат.

Нас ни е задоволство што овие деца можат да учат македонски јазик и да не го заборават да се сетат за нивните корени и да знаат од каде потекнуваат, кој се и што се, но и секако во иднина да продолжат да ја почитуваат државата во која живеат, а тоа е секако Република Србија, но да не заборават дека нивната татковина е Македонија, истакна Мицкоски.

Се заблагодари на градоначалникот на општина Лесковац за одличното гостопримство и кажа дека продолжува со посетата и со средба на македонската заедница во населеното место Јабука, во општина Панчево.

Мицкоски упати порака дека Македонците и Србите треба да продолжат да живеат и да се почитуваат, како и дека се надева на одлична соработка со сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, Српската напредна странка која што е владејачка партија во Србија.

Мојата порака е дека двата братски народи македонскиот и српскиот треба да продолжат да живеат заедно, да се почитуваат и да се негуваат релациите меѓу двете држави Србија и Македонија, а ние како политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и идна влада се надеваме на одлична соработка со нашата сестринска партија тоа е Српска напредна странка, која е владејачка партија овде во Србија, заклучи Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK