Мицкоски уверен во победа: ВМРО-ДПМНЕ има над 30% поддршка пред локалните избори


mickoski-aerodrom.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски изрази реален оптимизам во однос на победата на локалните избори кои се очекува да се одржат во првата половина на октомври оваа година. Во изјавата дадена по повод реконструкцијата на сквер во Општина Аеродром, Мицкоски се повика на последните партиски анкети кои покажуваат убедлива предност на ВМРО-ДПМНЕ, која се движи од 4:1 во однос на втората најголема партија.


„Очекувам дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде апсолутен победник. Се потпираме на мерењата што ги правиме редовно, кои покажуваат растечка поддршка за нашата партија. Јануари беше подобар од декември, а последната анкета покажа дека ВМРО-ДПМНЕ има над 30 проценти, додека втората партија е со рејтинг од 6,8 проценти“, изјави Мицкоски.

Премиерот истакна дека од месец во месец се бележи пораст на поддршката, а тоа дава оптимизам за успешен исход на изборите. Според него, додека трендот на раст ќе продолжи, ќе дојде и до стабилизација на поддршката по што ќе се достигне максималниот капацитет на гласачи.

Што се однесува до кандидати за градоначалници, Мицкоски нагласи дека во тек е внатрепартиска процедура при која ќе се земат предвид како мислењето на членовите, така и на граѓаните. Премиерот истакна дека ќе се направи симбиоза од овие два елементи пред да се објават имињата на кандидатите за градоначалници на партијата.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, кој исто така присуствуваше на настанот, изјави дека е убеден дека кандидатот кој ќе го предложи Мицкоски за градоначалник на Скопје ќе биде избран за оваа позиција.

„Сигурен сум дека оној кандидат кој ќе го предложи претседателот Мицкоски пред извршните органи на партијата ќе биде и новиот градоначалник на Скопје“, истакна Перински, коментирајќи анкетата која го вклучува и неговото име како потенцијален фаворит за таа функција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK