Мицкоски татковината ќе продолжи ја нарекува Македонија:  Не очекувам талибански однос и цензурирање

Misko-so-Prespanski-dogvor.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој утре очекува од претседателката Гордана Силјановска – Давкова да го добие мандатот за состав на влада, го следи нејзиниот пример кога се работи за употреба на името на земјата. Најави дека татковината во изјавите ќе продолжи да ја нарекува Македонија, без придавката која, пак, ќе ја има во институционалната комуникација. Претседателката Силјановска – Давкова  на заклетвата во Собранието, по изборот, земјата ја нарече Македонија, без придавката, но го потпиша документот во кој е целото име на државата согласно преспанскиот договор.

 

Мицковски смета дека хистеријата кај нашиот јужен сосед околу употребата на името е резултат на нивната изборна кампања.

„Не очекувам талибански однос, цензурирање на елементарно човеково право, а се што е содржано во преспанскиот договор и е дел од нашиот правен систем и уставен поредок идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува. Вклучително и решенијата за пратеници кои што ги добивме. Ги добивме со придавката содржана во нив. И предлог – законот кој денеска го поднесувам е со придавката вклучена во него. Но, мое човеково право загарантирано со многу конвенции е правото на слобода на изразување и говор. Јас не им се лутам на политичарите кога не го кажуваат целото и потполно име на нивната држава туку едноставно крајот или дел од тоа име. За мене мојата татковина во секоја моја изјава е Македонија и ќе остане Македонија. Целокупната институционална комуникација која е дел од законите и Уставот ќе биде почитувана се додека тие закони и Устав се во сила, онакви какви што се“, рече Мицкоски.

Доколку на самитот во НАТО се отвори употребата на името како прашање Мицкоски е подготвен да одговори. Вели дека е подготвен и за дебата околу тоа кој колку реализирал од Преспанскиот договор.

„Мојата порака ќе биде дека јас би сакал да градам мостови на соработка, на пријателство со нашите соседи, вклучително и со нашиот јужен сосед, источен, северен, западен. Македонскиот народ и граѓаните се мирољубиви луѓе, мирољубив народ, гостопримлив. Така се однесувале, очекувам така да се однесуваат и нашите соседи. Да соработуваме и да негуваме добрососедски односи. Ниту имам намера талибански да се однесувам ниту очекувам во 21 век талибанско однесување од кој било политичар.. Можеме не само таму, туку на кој било форум да отвориме дебата па да видиме кој колку реализирал од Преспанскиот договор иако не би сакал да го губам времето убедувајќи се со моите колеги кој колку реализирал. Би сакал да зборуваме за инвестиции, за подобар стандард, за развој, за рефроми..“, вели Мицкоски.

За однесување во пријателски дух со соседите вчера повика и претседателката Силјановска-Давкова и порача дека би можеле да бидеме малку Скандинавци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK