Мицкоски: Откако ги понижија македонските интереси СДС во очај и немајќи што да понудат водат лажна и валкана кампања, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори за идентитетот, подобра иднина и стандард

mickoski_3563534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДС практично во очај, немајќи што да понуди на граѓаните, мислејќи дека на ваков начин со лажна и валкана кампања ќе нанесат штета и врз мене и врз идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Виена, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со лажните вести кои СДС ги пласира за средби со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

Откако практично се прифатија, откако практично зададоа жесток удар врз македонскиот идентитет неколку пати во изминативе години, откако не само што ја понижија и ограбија Македонија тие направија нешто кое следните генерации ќе треба да го исправат и сега наместо да бидат свесни за сето тоа што го направија и да направат чекор назад и да се обидат преку некаква позитивна кампања да привлечат глас повеќе, ако може, тие се обидуваат со една ваква ниска лажлива  кампања да добијат некој поен повеќе, но нема да добијат, потенцираше Мицкоски.


Мицкоски истакна дека се разбира дека тоа се лажни извештаи од луѓе кои за неколку недели од сега нема да бидат таму каде што се, но им порача нека продолжат со таа лажна кампања, со ниско ниво, а ВМРО-ДПМНЕ се разбира ќе продолжи достоинствено и секаде особено надвор да се бори за Македонија.

– Ние на онаков начин како што му доликува на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжиме да се бориме надвор од Македонија, ќе продолжиме да се бориме и во рамките на ЕПП и овде во Австрија и претходно во Франција, Швајцарија и насекаде во светот ќе продолжиме да се бориме за македонските национални интереси. Ќе продолжиме да се бориме да обезбедиме подобар живот за македонските граѓани, за иднината на Македонија како држава, затоа што ние сме ВМРО-ДПМНЕ и ние сме различни од СДС, а граѓаните може да направат разлика и да донесат заклучок, нагласи Мицкоски.

Мицкоски потенцира дека од едната страна е понудата која ја нудат Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби, Миле Зечевиќ, Бојан Маричиќ, Димитар Ковачевски а од другата страна е понудата која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ борејќи се за македонскиот идентитет, подобра иднина, стандард, проекти насекаде.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK