Мицкоски: Очекувам до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата

mickoski-kostal-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека очекува до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата од над 1 милијарда евра.


„Денешните податоци покажуваат дека странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и рекорд во изминативе дваесет години.

Мандатот го започнавме со договори за странски инвестиции од над 650 милиони евра. Ќе продолжиме да работиме за раст на стандардот и благосостојба на сите граѓани“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK