Мицкоски не сакаше да ја коментира можната амнестија во случајот со крвавиот четврток – „Тоа е судска одлука“

87172075_2507209546197650_765044403969458176_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да го коментира случајот со најавената амнестија за организаторите во настаните од 27 април, велејќи дека станува збор за судска одлука.


„Тоа е судска одлука. Не би имал што да додадам и да коментирам. Се сеќавате и во текот на расправата имаше контроверзни изјави од многумина од учесниците во овој процес така што јас би се воздржал од каков било дополнителен коментар“, рече Мицкоски.

Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека Обвинителството поднело барање Законот за амнестија да важи за поранешните министри Миле Јанакиески, Спиро Ристоски и поранешниот претседател на собранието Трајко Вељаноски, но но и за Владимир Атанасовски.

Следното рочиште за овој случај е закажано за 23 јануари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK