Уште двајца пешаци удрени од автомобили во Богданци и Гостивар

Загина-35-годишен-охриѓанец.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Tри сообраќајани незгоди во кои тешко повредени се пешаци се случија во текот на вчерашниот ден во Македонија.


На улицата „Маршал Тито“ во Богданци, автомобил управуван од 21-годишниот А.П. од селото Ѓавато, гевгелиско, удрило во пешакот Т.И.(25) од Богданци, кој се здобил со тешки повреди.

Пешак е тешко повреден во текот на вчерашниот ден и во Гостивар. Несреќата се случила на улицата „Живко Брајкоски“ во градот кога „ауди“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Д.К.(27) од Гостивар, удрило во пешакот Е.С.(63) од овој град.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а за настанот бил известен јавен обвинител и извршен е увид.

Автомобил вчера удри во пешак на улицата „Партизански одреди“ во Скопје.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK