Мицкоски: Изворот на негативната кампања на власта е мешетар од Израел, фалсификува документи, ми понуди и мене, а сега работи за СДС

mickoski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор на митингот пред Владата истакна дека додека ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана на понуда и план за граѓаните,  а СДСМ е фокусирана на негативна кампања, изворот на таквата кампања е „мешетар од Израел кој фалсификува документи и дека таква понуда дал и кај него, но бил избркан и му било кажано дека ќе одговара“.


– Оваа кампања ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фокусирана кон понуда, план за излез од кризата, а нема да се занимаваме со нашите противници. Од другата страна гледам дека СДСМ очајнички прибегнува кон црна кампања, кон измислување и фалсификување на документи. Тие во отсуство на сериозна програма во ситуација кога цела јавност знае дека нивниот збор не држи, дека немаат ниту еден резултат, ниту еден успех, туку само скандали и корупција, тие прибегнуваат кон црна кампања, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека на народот му треба наддеж, проекти, понуда за подобар живот, а гледаме од власта дека имаат понуда на фалсификувани листови хартија, непостоечки записници кои изобилуваат со детски грешки, многу невистина.

– Изворот на таквите вести, внимавајте добро, оваа порака е многу важна, изворот на таквите вести е еден балкански мешетар и контрактор со потекло од Израел кој скапо го платиле со украдените пари од тендерите кои ги местат и го крадат народот. Тој мешетар е познат по таквите измислувања и фалсификувања и ширење лажни вести. Ова го кажувам за да не наседне ниту народот ниту пак медиумите на ваквите лаги, и го кажувам ова за да знае и Ковачевски дека истиот човек пред да отиде кај него, беше кај мене и ми понуди да прави фалсификати документи за власта кои ќе ги продаваме во јавноста за големи скандали. Мојата порака кон овој мешетар беше јасна, јас во политиката влегов да градам и поправам, а не да растурам и расипувам работи или терам црни кампања. Така силно го избркав од мојата канцеларија што го промаши и излезот од просторијата. Но еве гледам си нашол тезга кај СДСМ, кај Ковачевски и Пендаровски и така среќно си фалсификуваат документи и наводни записници, истакна Мицкоски.

Мицкоски им порача на Ковачевски и Пендаровски дека за неколку недели од денес ниту едниот ниту другиот ќе имаат државна функција, ниту едниот, ниту другиот ќе се кријат позади имунитетот.

И треба да знаете дека фалсификување е кривично дело и за тоа кривично дело се лежи, ви кажувам за да не излезе дека не сум ви кажал, и не сум ве предупредил, за неколку недели од денес, потенцираше Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK