Мицкоски: Излезете да гласате и да добиеме 61 пратеник

mickoski-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Мора оваа победа да е јасна и убедлива и со 61 пратеник. Ова е моето настојување и ова мора да биде нашата заедничка мисија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната Конвенција за избор на кандидат за претседател на Македонија.

Мицкоски рече дека постојат три причини за 61 пратеник: економски реформи, за непоколебливо остварување на правдата и одговорност за сите оние кои правеле криминал, како и за сигурно управување на институциите, без уцени и диктати.

Мицкоски оцени државата е во потполн хаос.

„Не’ чека многу работа. Државата е во потполн хаос. Институциите се парализирани, апатија и разочараност која е насекаде. Изгубена е вербата во политичарите, затоа што волјата на народот многупати е изигрувана. Ништо не функционира, граѓаните имаат чувство дека државата е киднапирана од мала група на корумпирани политичари и затоа се скептични дека тоа може еден ден да се промени. Државата е одземена од рацете на народот, и ако најкусо може да се опише тоа чувство на народот тогаш тоа се зборовите немаме веќе држава“, рече тој.

На денешната конвенција, ВМРО-ДПМНЕ и официјално ја потврди кандидатурата на пратеничката и професорка, Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK