Мицкоски ги остави наставниците без покачени плати, иако им следуваат, оценуваат од СДСМ

Деветмина-ученици-во-основни-училишта-во-Карпош-заразени-со-салмонела.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

После изјавата на Христијан Мицкоски јасно е дека власта ги извиси наставниците и оваа година нема да добијат повисоки плати, иако им следуваат согласно колективните договори, оценуваат од СДСМ.


Со СДСМ, додаваат од оваа партија, наставниците секоја нова учебна година ја започнуваа со повисока плата.

„Наставниците и граѓаните знаат дека во изминатите седум години, владата предводена од СДСМ ги зголеми платите во образованието, кумулативно за над 55 отсто. Пари за континуирано зголемување на платите во образованието обезбедувавме и во годините на здравствена, економска и енергетска криза.

Платите требаше да продолжат да растат и овој септември да бидат покачени за 12%, но дојде ВМРО-ДПМНЕ и ја прекина низата на растот на плати во образованието.

Ова значи целосно фијаско на политиките на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, изневерени наставници и просветни работници“, посочуваат од СДСМ.

Една од најважните области, образованието, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, како што оценуваат, ја запоставија комплетно а наставниците ги понижија.

СДСМ бара власта да ја смени погрешната политика и да ги покачи платите на наставниците и просветните работници, тоа е, како што оценуваат, нејзина обврска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK