Мицкоски: Додека Ковачевски бара да не се политизира случајот, директорите на Клиниката кои тие ги поставија им се сликани во штабовите

Мицкоски-Додека-Ковачевски-бара-да-не-се-политизира-случајот-директорите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Никогаш како човек не сум ги политизирал овие работи, бидејќи сепак станува збор за човечки судбини и мака која семејствата ја доживуваат, но не можам исто така како човек да не ве потсетам за оние кампањи кои во минатото ги правеше СДСМ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање во врска со случувањата на Онкологија за време на посетата на населено место Градец, Виница.



„Се сеќавате на случајот со малата Тамара, се сеќавате на случаевите со оние клупи кои требаше да симболизираат загубени човечки животи и кои беа оставани пред вратите на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се сеќавате на протестите на Шарената револуција која ги злоупотребуваше човечките животи за да добијат ситни мали поенчиња“, кажа Мицкоски и додаде:

„Но морам да потенцирам дека јас не сум виновен што директорот од Онкологија ќе го видите на слики во партиски штабови на СДСМ како држи обука или оној економски директор од ДУИ како е прегрнат со раководството на ДУИ“.

Според Ницкоски тоа се факти кои ги гледа цела јавност и има факти на кои не можеме да останеме неми и да не ги кажеме.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK