Мицкоски: Да се бориме за Македонија, само така ќе покажеме почит кон Гоце Делчев

Мицкоски-Владата-го-искористи-и-Самитот-на-ОБСЕ-за-криминал.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ФБ објави честитка по повод 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.


„Денес на 4 февруари, 1872 година во Кукуш е роден еден од најсветлите македонски синови Гоце Делчев. Живот кој бил краток, но исполнет со дела и саможртва вредна за паметење и наш поклон.
Да не ги заборавиме и силно да ги чуваме неговите идеали, борба и цели, да се бориме за Македонија. Само така ќе покажеме и почит кон великанот. Македонија силна, достоинствена, наша и почитувана“, напиша Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK