По третпат по ред, пред почетокот на учебната година Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воведува мерка за поевтин школски прибор до 10% пониски цени во големопродажба и 15% во малопродажба, соопштија од партијата.
„Целта е родителите да имаат помали трошоци во периодот кога семејните буџети се дополнително оптоварени со подготовки за училиште. Мерката опфаќа производи што секое семејство ги набавува за почетокот на годината како ранци, тетратки, блокови, пенкала, моливи, боици, фломастери и друг неопходен училишен прибор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Трговците ќе мора јасно да ја истакнат и претходната и новата цена. Како референтна се зема цената што важела на 1 јуни 2026 година, па граѓаните можат веднаш да видат колкаво е реалното намалување.
Мерката ќе важи до 30 септември 2026 година, со што им се овозможува на семејствата во овој период да ги набават потребните производи по пониски и транспарентно означени цени.