Mеѓународна конференција во организација на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет ќе се одржи во Охрид

охрид
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од 14-16 септември, 2023, во х. Гранит во Охрид се одржува меѓународна конференција во организација на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет, УКИМ. Институтот за специјална едукација и рехабилитација веќе 30 години ја остварува својата дејност во рамки на најстарата високообразовна институција Филозофскиот факултет, а тоа е доказ за успешна работа и вистинска насока на движење.

Во последните три децении Филозофскиот факултет беше посветен на градење кадри и политики за квалитетно образование и рехабилитација на лицата со посебни потреби. Со стручноста и иновативноста на Институтот за специјална едукација и рехабилитација беа поставени темелите за промени и патоказот кон континуирано менување на свеста за видливоста на лицата со посебни потреби.


Оваа конференција е можност за споделување на искуства, поттикнување на академски дијалог и разгледување на најновите достигнувања, тенденции и иницијативи во областа на специјалната едукација и рехабилитација. Конференцијата ќе биде и можност за рефлексија и размисла. Ќе бидат разгледани прашања за тоа како можеме уште повеќе да се засилат напорите за унапредување на постигнувањата во областа на раната детска интервенција, воспитанието и образованието, како и во областа на рехабилитацијата и вработувањето на лицата со попреченост.

На отварањето на Конференцијата свои обраќања ќе имаат:

  • г-н Јетон Шаќири, Министер во Министерство за образование и наука
  • проф. д-р Ратко Дуев, Декан на Филозофскиот факултет во Скопје
  • проф. д-р Наташа Чичевска-Јованова, Раководител на Институт за специјална едукација и рехабилитација
  • проф. д-р Ристо Петров
Loader Loading...
EAD Logo Taking too long?

Reload Reload document
| Open Open in new tab
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK