Министерот Изет Меџити објави дека Законот за бранителите нема да помине.
Преку социјалните мрежи, Меџити напиша дека ДУИ, СДСМ и Левица ги здружиле силите за да ги реализираат предупредувањата за дестабилизација на државата и поттикнување етнички тензии, па затоа, законот за бранителите е на дневен ред во Собранието.
„Нашите пратеници се против дополнување на законот за бранители без закон за привилегии на припадниците на УЧК. Јавно прашувам: дали Законот за бранители е обид за поттикнување меѓуетнички тензии и дефокусирање на вниманието на јавноста од фрапантно криминално богатење на челниците на ДУИ?“, напиша Меџити.
Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска во Собранието поднесе Предлог-закон за бранителите со кој се предвидува зголемување на надоместокот по степен на попреченост од 1.200 евра како максимална месечна вредност, на 82 илјади евра доколку степенот на инвалидност е 100 проценти како еднократен надомест.
Oд „Влен“ претходно порачаа дека нема да дозволат усвојување на овој закон доколку истиот не биде во пакет со законот за решавање на статусот на војниците од поранешната УЧК.