Меџити за Онкологија: Нема да поштедиме никого, но не можеме сите лекари да ги ставаме во ист кош

Fatmir-Medziti.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фатмир Меџити министерот за здравство во врска со скандалот на Клиниката за онкологија, рече дека не може сите здравствени работници да бидат ставени во ист кош.


Меџити кажа дека нашето здравство има врвни доктори и дека министерството ќе направи се за нивниот углед да биде зачуван, што е правилно и фер пред граѓаните.

„Како министер ви гарантирам дека со моите надлежности, без компромис, нема да штедиме никого и ќе работиме. Тоа што ќе го докажеме ќе го санкционираме до крај. За наводите дека на Онкологија доаѓале пациенти од странство, во моментов немам информации, но и да имам не можам да споделам, поради предметот што го води Обвинителството и затоа се што ќе се донесе како одлука на крај, ќе биде јавно објавено пред сите. Пациентите ги упативме до Обвинителството и таму најтранспарентно се работи со сите што имаат информации околу случајот, вклучувајќи и со нивните семејства“, истакна денеска Меџити.

Побара што побрзо да се стави крај на шпекулациите во однос на скандалот на Клиниката.

„Нема да поштедиме никого ќе работиме и тоа што ќе го докажеме ќе го санкционираме до крај“, прецизира Меџити.

За враќањето на КАТО-системот и контрола на терапијата на Онкологија, Меџити истакна дека ги разгледал можностите, но се уште нема донесено одлука која што ќе биде во најдобар прилог за пациентите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK