Меџити: Штипската болница со нова медицинска опрема, интензивно работиме на зајакнување на установите

Меџити-Штипската-болница-со-нова-медицинска-опрема-интензивно-работиме-на.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити  беше во посета на Клиничката болница во Штип по повод набавка на нова медицинска опрема – лапараскопска и ендоскопска опрема, нов ултразвук колор доплер апарат со две сонди и цисто-уретроскопски сет.


„Денеска сме во посета на Клиничката болница во Штип да ја промовираме новата лапараскопска и ендоскопска опрема набавена од Министерството за здравство во вредност од 11 милиони денари. Станува збор за апаратура што ќе ја користат специјалистите на хируршко, неврохируршко, ортопедско и уролошко одделение за минимално инвазивни процедури. Ова ќе допринесе за помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, пократок престој во болница, побрз опоравок на пациентите, како и многу подобри резултати отколку отворените хируршки интервенции’, истакна Меџити.

Како што додаде, покрај оваа опрема, набавен е и нов ултразвук колор доплер апарат со две сонди за испитување на абдомен и тироида во висина од 2.5 милиони денари.

„Исто така, со средства од буџетот на Министерството обезбедивме и цисто-уретроскопски сет во вредност од 433 илјади денари со што ги подобривме условите во штипската болница. Изминатава година навистина многу интензивно работиме за зајакнување на јавно-здравствените установи низ целата држава. Секојдневно сме на терен промовирајќи нова опрема, реконструкции и вложување во медицинските работници. Со истото темпо продолжуваме и во следниов период, работиме посветено во интерес на пациентите и здравствените работници“, изјави Меџити.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK