Меџити: Кај 25-годишна пациентка која била во тешка состојба извршена е трансплантација на бубрег, сега е во добра состојба

Меџити-Кај-25-годишна-пациентка-која-била-во-тешка-состојба-извршена.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити беше во посета на Универзитетската клиника за урологија по повод 500-та трансплантација на бубрег во јавното здравство.


„Денеска сме во посета на Клиниката за урологија по повод одбележување петстота трансплантација на бубрег во јавното здравство. Во декември успешно се изведе јубилејната трансплантација на бубрег кај 25-годишна пациентка која била во тешка состојба. Особено ми е драго што по оперативниот зафат и постоперативниот тек, денеска таа е во добра здравствена состојба и полека се враќа на секојдневните животни активности“, рече Меџити.

Упати честитки до директорите на клиниката, до националниот координатор за трансплантација и целиот стручен тим за одличните резултати што ги постигнуваат сите овие изминати години.

„Органодарителството претставува едно од најголемите достигнувања во медицината. Органодарителството спасува животи и горд сум што свесноста и важноста сѐ повеќе се зголемува. Продолжуваме да водиме вистинска грижа за пациентите и за здравствените работници“, изјави министерот Меџити.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK