Маж загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

117290805_971393403308548_1485849400862240319_n-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа околу два часот по полноќ се случила на експресниот пат Штип-Кочани.

Во несреќата која била пријавена во 2:24 часот изутрина, учествувало само едно возило. Автомобилот „рено лагуна“ со скопски регистрации излетало од коловозот во близина на клучката кај селото Крупиште.

Возачот – 39-годишен маж од Скопје – починал, а сопатничката и двете деца се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Штип.

Увидот во несреќата е во тек.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK