Маричиќ со најостра осуда за синоќешниот терористички напад во Брисел

thumbnail_DSC_1695.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секретаријатот за европски прашања и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ најостро го осудуваат смртоносниот терористички напад што се случи синоќа во Брисел, во кој беа убиени двајца шведски државјани за време на фудбалскиот натпревар помеѓу Белгија и Шведска.


Терористичкиот чин со трагичен крај предизвика огромна болка и загуба за Шведска, за Белгија и за цела Европа.

Вицепремиерот Маричиќ изразува најдлабоко сочувство кон семејствата и блиските на загинатите и го осудуваат овој суров напад, со што се врши обид да се наруши мирот и безбедноста на граѓаните.

„Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ синоќа стапи во контакт со мисијата во Брисел и со државната секретарка во СЕП, Дрита Абдиу Халили која ја предводи македонската делегација на тридневниот билатерален скрининг состанок за Поглавје 11, „Земјоделство и рурален развој“, при што информираме дека ниту еден член не бил загрозен во текот на овој напад“, се наведува во соопштението од СЕП.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK