Маричиќ: Постојаната поддршка од Европската Комисија е гаранција за трасирањето на нашиот европски пат

Маричиќ-Постојаната-поддршка-од-Европската-Комисија-е-гаранција-за-трасирањето.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ се сретна со Герт Јан Копман – Генерален директор на генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ДГ НЕАР).


На состанокот, вицепремиерот зборуваше за придобивките од евентуалното идно членство на Северна Македонија во ЕУ, како за граѓаните, така и за европската заедница.

„Вклучувањето на Северна Македонија во Европската Унија не е само прашање од геополитичко значење, туку сведоштво за заедничките вредности на демократијата, стабилноста и просперитетот што ЕУ ги застапува. Тоа претставува можност за Северна Македонија дополнително да ги зајакне своите демократски институции, да го подобри економскиот развој преку Планот за раст, како и да ја поттикне регионалната соработка“, рече Копман.

„Наша цел е полноправното членство во ЕУ, процесот на пристапувањето бара посветеност, реформи и соработка. Северна Македонија постигна значителен напредок во исполнувањето на критериумите поставени од ЕУ и императив за да продолжиме да работиме заеднички, до реализација на заедничката визија за обединета и просперитетна Европа“, изјави Маричиќ.

Герт Јан Копман и Бојан Маричиќ ја нагласија посветеноста на двете страни да го поддржат и да се залагаат за пристапување на Северна Македонија во Европската унија. Таа служи како доказ за заедничките напори кои се во тек за да се обезбеди европска иднина за Северна Македонија и развој на регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK