МАНУ со порака: Академијата да не се вовлекува во партиски дискусии, во светот постои само една национална академија која ја претставува државата

Screenshot-2024-07-29-170720.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

МАНУ отсекогаш била отворена за сите граѓани кои ги исполнуваат високите научни и уметнички критериуми за членство во неа, независно од етничката, верската и каква било друга припадност. За политичките партии и нивните влијанија никогаш немало место во неа. Од нејзиното основање до денес, во Академијата членови биле припадници на македонскиот народ, но исто така и на сите етнички заедници“. се истакнува во официјалнотот соопштение од МАНУ.



„Меѓу другите, во последната декада во составот на МАНУ имаше четири члена од албанска етничка припадност (од коишто во трите последователни раководства еден беше научен секретар, а двајца потпретстедатели на Академијата, од кои еден е во актуелното раководство), како и три члена надвор од работниот состав. На крај, напоменуваме дека во Македонија, како и во земјите од регионот и насекаде во светот, постои само една национална академија која ја
претставува државата во европската и во други меѓународни асоцијации на академии. Претседателството апелира МАНУ да не се вовлекува во дневнополитички расправи и партиски дискусии кои ја оптоваруваат редовната дејност на Академијата, а спаѓаат во доменот на Законодавниот дом и државните институции.

МАНУ е формирана во 1967 година како највисока научна и уметничка институција во Република Македонија, во рамките на тогашната Југословенска федерација, со матична комисија составена од претседатели, попретседатели и членови на најстарите академии во Југославија. При тоа, првиот состав на академици е избран согласно највисоките универзални научни и уметнички стандарди и китериуми.

Денес МАНУ претставува најзначајна национална научна и уметничка институција од посебен општествен интерес во нашата држава, која со децении наназад, со својата научно-истражувачка дејност, творештво и советодавна улога, претставува столб во градењето и зачувувањето на идентитетот и државноста на македонскиот народ и деловите од другите народи кои живеат во земјата“, се наведува во напишаното.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK