Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева беше во работна посета на Здравствениот дом во Тетово кадешто оствари средба со менаџментот и направи обиколка низ установата.
„Интензивно се работи на подобрување на условите преку реконструкција од донации и со сопствени средства на здравствениот дом. Директорот ме информираше дека во завршна фаза е реновирањето на просториите на претшколска вакцинација, а во тек е реновирање на стоматолошките рендген простории и просториите на школска вакцинација. Комплетно се реновирани просториите на ургентна стоматологија, како и седум простории за управата. Здравствениот Дом Тетово е позитивен пример за вложување и подобрување на условите за пациентите и здравствените работници.“ – Манолева.
Таа посочи дека со инфраструктурното зајакнување се овозможуваат поквалитетни здравствени услуги за пациентите.
„Со заеднички заложби продолжуваме да го зајакнуваме јавното здравство со опрема, кадар и инфраструктурни проекти. Инвестициите во здравствениот систем се инвестиции во здрави идни генерации“, истакна Манолева.