Манолева се сретна со стручниот и со лекарскиот колегиум на Клиниката за токсикологија, побарано од вработените да дадат предлог за именување медицински директор

manoleva.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, денеска оствари средба со дел од стручниот колегиум и претставници на лекарскиот колегиум од Универзитетската клиника за токсикологија.

Како што известуваат од МЗ, на средбата, било дискутирано за состојбата и функционирањето на Клиниката. Заменик министерката Манолева побара од стручниот и лекарскиот колегиум да дадат предлог за именување на медицински директор кој треба да ги исполнува условите согласно законот.

Претставниците од Клиниката за токсикологија ја информираа заменичката дека во најбрзо време ќе се состанат и ќе достават предлог до Министерството за здравство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK