Манасиевски: СДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на власт


manasievski-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на власт. Огромната поддршка која СДС ја доби од граѓаните на Брвеница е од досега невидени размери и е помала од минатите локални избори. Но, сепак Филипче и другарите тоа го прославија како успех, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.


Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ остварила убедлива победа од околу 3.000 гласови или приближно 40% од гласовите, а СДСМ добила 707 гласови или околу 9%.

„Или во превод, СДС беше декласиран од ВМРО-ДПМНЕ 4 спрема 1. СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат на 4 место на локални избори. Рејтингот им е минорен, кредибилитетот одамна им е изгубен, а никој освен пријателите на Заев, не му дава поддршка на Филипче. Но, сепак и покрај сите демократски правила и принципи, ние не сметаме дека Венко Филипче треба да си поднесе оставка. За нас, Филипче е најдоброто решение за претседател на СДС. Се додека Филипче го води СДС по насока на Заев, граѓаните тоа ќе го препознаваат и ќе даваат огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, а ние ќе продолжиме и натаму да реализираме проекти и мерки во интерес на граѓаните“, рече Манасиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK