Манасиевски: Филипче ја славеше победата на Бугарија на Евровизија иако таа држава ни го негира идентитетот


venko-filipche-nova.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција порача дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја славел победата на Бугарија на Евровизија и дека, како што кажа членот на ЦК на партијата Валентин Манасиевски, тоа го правел за да се додвори уште повеќе на Бугарија.


„Филипче први антимакедонец, го достигнува врвот во политиката, и за спас на својата кариера и за да докаже дека е спремен на се за да дојде на власт, славеше победа на соседна држава на Евровизија“, рече Манасиевски.



Тој додаде дека проблемот, според ВМРО-ДПМНЕ, е што таа држава за која тој се радува, нас ни го негира идентитетот.

Манасиевски обвини и дека Филипче не ги осудува навредите на бугарските власти, како и дека уште утре би ги внел Бугарите во устав.

„Иако од Софија јасно велат дека уставните измени не се последното барање, Филипче уште утре би ги внел Бугарите во устав, за потоа пак да можат да не блокираат“, рече Манасиевски.

Тој во обраќањето тврдеше и дека Филипче е уценет од група на бугарски политичари поради неговите криминали направени со Зоран Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа и дека СДСМ е четврта партија во Македонија и дека Филипче е меѓу политичарите со најниска доверба од граѓаните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK